Вицепремиерот Александар Николоски, по средбите на високо ниво во Вашингтон, најави зајакната соработка со Светска банка насочена кон долгорочен економски раст и зголемена конкурентност на земјата.
„Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството со Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата. Заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена конкуретнтност.
Инвестициите во инфраструктурата, транспортот и јакнење на економијата во државата беа главни тема на разговорите на високо ниво што ги водев со претставниците на Светска банка во Вашингтон.
Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата.
Согласни сме дека заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена конкуретнтност.
Ги презентирав плановите за реализацијата на клучните стратешки коридори 8 и 10. Зборувавме и за можностите за модернизација на целата железница во државата.
Најавуваме нови проекти за општините со кои ќе го подигнеме локалниот економски развој и квалитетот на живот на нашите граѓани” – објави вицепремиерот Николоски.
