Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен, има над 40 објекти на трасата

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен, има над 40 објекти на трасата

Со поставување камен-темелник денеска официјално започна изградбата на автопатската делница Скопје–Блаце. На настанот, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека овој проект е од клучно значење за зајакнување на транспортното и економското поврзување на Македонија со регионот.

Делница од 10,5 километри на исклучително тежок терен

Новиот автопат е со должина од 10,5 километри, но поради специфичноста на теренот важи за еден од покомплексните градежни зафати во земјава.

За реализација на оваа траса е предвидена изградба на над 40 објекти:

  • 5 тунели и 4 галерии
  • 11 мостови
  • Голем број помали придружни инфраструктурни објекти

„Иако делницата е релативно кратка во километри, теренот е исклучително комплициран. Но, со нејзиното завршување ќе добиеме целосно автопатско поврзување меѓу Скопје и Приштина. Ова исто така ги отвора Скопје и Македонија кон најмалку две важни пристаништа — Драч и Бар“, изјави Николоски.

Визија: Македонија како инфраструктурно срце на Балканот

Министерот за транспорт нагласи дека овој проект е дел од пошироката стратегија на Владата за подобрување на регионалната поврзаност.

Низ земјава се вкрстуваат двата главни паневропски коридори (Коридорот 8 и Коридорот 10), а во непосредна близина е и коридорот Струма низ Бугарија. Со новиот автопат Скопје–Блаце, Македонија директно се поврзува и со Јадранско-јонската магистрала, со што се остварува визијата за земјата како клучен сообраќаен јазол во регионот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни