Николовски: 5 милиони евра повеќе за капитални проекти во водостопанството

Новиот предлог Буџет за 2019-та за секторот земјоделство, предвидува мерки и политики кои се во насока на унапредување на земјоделството, преку зголемување на обработливите површини, создавање услови за модерно и конкурентно земјоделско производство, порача на денешната прес конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Николовски потенцираше дека сите основни буџети на овие институции се планирани така да можат да обезбедат сервисирање на тековните потреби на секторот земјоделство, пред се навремена исплата на субвенциите и другите финансиски поддршки, реализација на крупните капитални инвестиции во водостопанството, рурален развој, кофинансирање за европските фондови и друго.

Се вчитува...

Вкупната финансиска поддршка за земјоделството за 2019 година, планираната вкупна финансиска поддршка за секторот земјоделство за следната година е над 8,5 милијарди денари, пари кои директно ќе се вложат во развој на овој сектор. Во оваа сума спаѓа директната поддршка, мерките за рурален развој и националното кофинансирање за европската ИПАРД.

„Конкретно, над 6,6 милијарди денари ќе бидат наменети за комплетна, навремена и неселективна исплата на финансиската поддршка од Програмата за директни плаќања. Следејќи ги политиките на ЕУ, создаваме услови за модерно и конкурентно земјоделско производство преку мерки што значат инвестиции во земјоделството. Тоа ќе го постигнеме преку Програмата за рурален развој и европската ИПАРД Програмата.“, порача министерот Николовски.

При тоа додаде дека со зголемувањето на сумите за овие две програми, создаваме услови за инвестиции во земјоделството, во преработувачки капацитети, производство на производи со поголема додадена вредност, поддршка за руралната инфраструктура, промоција на македонските земјоделски производи, инвестиции во подигање повеќегодишни овошни и лозови насади, набавка на приплодни грла, субвенции за млади земјоделци и други мерки, што крајно ќе значат и поголем приход за земјоделците.

Извор: ТВ21