4NEWS.mk

Ноќеска драма во болницата „8 Септември“, нападнат медицински персонал од роднини на починат пациент

Нов напад врз здравствени работници. Синоќа на удар биле дежурните во ГОБ 8-ми септември кои биле вербално нападнати од роднини на починат пациент.

Од семејството сакале да го земат насила починатиот, иако законските процедури предвидуваат задолжителна обдукција.

Како што потврди за Сител директорот на болницата Христијан Костов, била повикана и полиција бидејќи од семејството на починатиот насилно се однесувале внатре во Ургентниот центар како и на одделите во болницата.

Бил направен полициски записник, а утрово, Костов ги повикал на разговор сите кои синоќа биле дежурни.

Ова е еден од низата инциденти изминатиот период на напади врз медицинари. Минатата недела имаше и протест на здравствените работници на кој побараа да има полициско обезбедување за да можат во нормални услови да пружаат здравствена нега.

Сања Димитровска

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни