4NEWS.mk

Ноќна рација во гостиварско Неготино: Уапсени три странски државјанки и две вооружени лица

Ноќеска во 01,30 часот при вршење акциска контрола во угостителски објект во с.Неготино-гостиварско биле затекнати и приведени три странски државјанки, една од Р.Србија и две од Р.Косово, поради сомнение за нерегулиран престој во РСМакедонија.

Потоа лишени од слобода биле А.М.(40) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него бил пронајде пиштол ТТмодел М57 кал.7,62мм и еден оквир со девет куршуми кал.7,62мм и Б.К.(27) од Гостивар затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден метален боксирач и други предмети.

Лицата биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни