Свет

Норвешка ги укинува речиси сите мерки против пандемијата

Норвешките власти најавија дека ќе бидат укинати речиси сите преостанати рестрикции наметнати против коронавирусот бидејќи и покрај големиот број заразени, ковидот, како што наведоа, не претставува голема закана за здравјето на граѓаните.

Властите велат дека Норвежаните се заштитени со вакцини против коронавирус и дека мал број хоспитализирани граѓани се и покрај ширењето на сојот омикрон.

Одлуката за укинување на мерките ја соопшти премиерот Јонас Гар Стере на прес-конференција.

Од денеска не е задолжително носење маски на места каде има гужва, ниту пак да се држи растојание од еден метар.

Задолжителната самоизолација на заболените е заменета со препорака заболените да останат дома четири дена.

Норвешка воведе делумно затворање во декември за да спречи ширење на вирусот корона вирусот омикрон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни