Нов сомнителен случај на коронавирус кај патничка која пристигнала од Милано се тестира на Клиниката за инфективни болести во моменов информираше Министерството за здравство доцна вечерва.
-Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се врши тестирање на корона вирус кај патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје. Резултатите ќе бидат готови во наредните 4 часа, по што веднаш ќе ја известиме јавноста, велат од Министерството.
