Балкан

Нов земјотрес во Црна Гора, еве каде беше епицентарот

Нов земјотрес во Црна Гора, еве каде беше епицентарот

Нов земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Црна Гора.

Епицентарот бил на четири километри југозападно од Чараѓе, во општина Никшиќ, на границата со Босна и Херцеговина.

Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија во Погорица сопшти дека земјотресот е регистриран во 6 часот и 11 минути, во епицентралното подрачја на Никшиќ на длабочина од 14 километри.

Земјотресот е почувствуван и во Мостар во Босна и Херцеговина, како и во крајбрежните градови во Хрватска.

Регионот на Никшиќ во четвртокот беше погоден од силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни