Македонија

Нова тешка сообраќајка, три возила се судриле на патот Штип – Радовиш, има повредени, и пожарникарите на терен

Тешка сообраќајна несреќа вечерва во 21:30 часот се случи на патот Штип-Радовиш, во која учествувале три возила. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека несреќата се случила кај сообраќајниот знак за селото Љуботен, според првичните информации од терен има повредени и во оваа несреќа, а се повикани и пожарникарите, со цел да ги издават повредени лица.

Повеќе детали околу несреќата најавуваат за утре.

Ова е втора сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш и тоа во рок од само неполни два часа. Претходно сообраќајна незгода се случи по 19 часот во близина на селото Лакавица во којашто, според директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев  повредени сe 13 лица, од кои 11 се мигранти и две се жени, македонски државјани.

Мигрантите се транспортирале во багажникот во самиот автомобил. Овие две возила излетале од коловозот на десната страна во правец Штип-Радовиш. Според првичните информации од полицијата, возачот на мигрантите побегнал од местото на несреќата.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни