Новата Владата која се очекува да биде предводена од СДСМ и ДУИ ќе има 19 министерства, во споредба со претходната која имаше 26. Зоран Заев останува премиер, а дел од Владата ќе бидат и Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупција, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економски прашања, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, и Артан Груби – вицепремиер за политички систем. Зоран Заев по состанокот на Централниот одбор на СДСМ, ги објави предложените имиња за раководење со министерствата во следните 4 години.
Министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски
Министерка за одбрана – Радмила Шекеринска
Министер за здравство – Венко Филипче
Министерка за образование и наука – Мила Царовска
Министерка за култура – Ирена Стефанова
Министер за транспорт и врски – Благоја Бочварски
Министер за правда – Бојан Маричиќ
Министерка за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска
Откако кандидатот за премиер, Зоран Заев ги прочита предлозите за министри, вети и неколку проекти, како што е изградба на училишта, канализација, улици, и покачување на платите.
ДУИ, во Владата ќе има 6 министри, а претседателот на Собранието останува Џафери од редовите на партијата.
ПРЕДЛОЗИ НА ДУИ
Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби
ДУИ ќе раководи и со Министерството за информатичко општество, но сѐ уште нема предлог – кој ќе застане на чело на овој ресор.
-Министерот за информатичко општество ќе го одредиме по дополнителни консултации-рече Ахмети.
ДУИ постигна договор и во последните 100 дена од мандатот на Владата, премиер да биде Албанец. Со Министерството за земјоделство ќе раководи Арјанит Хоџа, кадар на Движењето Беса, а Горан Милевски од ЛДП ќе застане на чело на Министерството за локална самоуправата. Инаку, двете партии се дел од коалицијата „Можеме“.
.
