Македонија

НОВИ ДЕТАЛИ: Авионот за Германија требало да зема патници во Скопје, но не успеал во тоа…

НОВИ ДЕТАЛИ: Авионот за Германија требало да зема патници во Скопје, но не успеал во тоа…

Откако ја објавивме информацијата дека авион што полета од Охрид за Германија, се врати и слетал на Охридскиот аеродром, Контролата на летање објаснува дека не станувало збор за принудно слетување, туку дека авионот на „Визер“ требало да слета во Скопје, па откако не успеал поради невреме, неколкупати кружел и на крајот се вратил во Охрид.

Авионот „Ербас А-32о-230“ на унгарската нискобуџетна компанија лета на редовна линија од Охрид за Фридрихсхафен. Тој на пат кон Германија, требало да слета во Скопје и да земе патници за крајната дестинација.

Но, поради невремето попладнето во главниот град, авионот не успеал да слета во Скопје и капетанот пет-шест пати вртел над скопскиот аеродром, чекајќи подобри метео услови.

Откако времето не се подобрило, пилотот безбедно го вратил леталото во Охрид, велат од Македонска навигација (М-НАВ).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни