Градот Скопје ќе додели субвенција од 40 милиони денари, што е нешто повеќе од 650.000 евра, за Јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
Средствата ќе се користат за набавка на мали контејнери со зафатнина од еден метар кубен.
Одлуката беше донесена на денешната седница на Советот на Град Скопје, со цел подобрување на инфраструктурата за собирање и транспортирање на отпадот во главниот град.
