Македонија

Нови правила за патарините низ Македонија: Повисоки минимални суми, но и попусти за корисниците

Нови правила за патарините низ Македонија: Повисоки минимални суми, но и попусти за корисниците

Владата донесе нова одлука со која се менуваат правилата за електронско плаќање патарини, со цел да се зголеми ефикасноста, да се намали времето на чекање на наплатните станици и да се поттикне користењето на бесконтактни методи.

Како што информираат за „Блумберг Адрија“, новите мерки треба да придонесат и за зголемена безбедност и намалување на злоупотребите, преку „намалување на влијанието на човечкиот фактор и зголемување на задоволството на граѓаните“.

Клучни измени:

  • Минимален износ за дополнување на смарт-картичка: зголемен на 500 денари (претходно 300 денари).
  • Цена на електронски уред МТАГ: намалена од 1.200 на 1.000 денари.
  • Минимално дополнување за МТАГ: зголемено на 1.000 денари (претходно 300 денари).
  • Попусти за електронско плаќање:
    • 2% попуст за корисниците на смарт-картички.
    • 3% попуст за корисниците на МТАГ, пресметани при секое поминување на патарина.
  • Рок за плаќање на издадена казна (билет): продолжен од 24 на 48 часа.
  • Поголема достапност на уредите МТАГ: ќе може да се купуваат и дополнуваат на повеќе продажни места преку надворешни дистрибутери.

Со новите мерки, властите се надеваат дека ќе го зголемат бројот на корисници на електронскиот систем за наплата и ќе го олеснат протокот на возила, особено во летните месеци кога сообраќајот е зголемен.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни