Младата, популарна новинарка на Би Би Си Хана Јусуф почина ненадајно на 27-годишна возраст.
„Хана беше посветен професионалец и мост меѓу медиумите и заедницата, и посветено помагаше да се разбијат границите околу тоа, чиј глас се слушаше. Многумина Јана ја познаваа поради нејзиниот неверојатен придонес во новинарството и нејзината работа во Би Би Си. Додека жалиме за нејзината загуба се надеваме дека делото на Хана ќе послужи како инспирација и светло за нејзините колеги и за целата заедница“, пишува во соопштението од нејзиното семејство.
Тие додадоа дека Хана починала „ненадејно и неочекувано“.

Во емисијата „Добро утро, Британијо“ гостуваше 2017 година со хиџаб на глава, со желба да истакне дека забраната на верски симболи на работа несразмерно ги погодува муслиманските жени.
Таа е родена во Сомалија, но во детството се преселила во Холандија, а потоа во Велика Британија. Зборувала шест јазици и била позната по исклучителната интелигенција.
Причината за нејзината смрт не е наведена.
