И оваа година по Втор пат ќе се одржи Новогодишниот базар на Охридски ракотворби.
Базарот е идеја и желба на 15 ракотворци од Охрид, а Хотел „Силекс” без никакви финансиски надохнади широко ги отвара вратите, отстапува простор за нивните презентации и го поддржува и помага нивното работење и залагање.
Базарот ќе се одржи во деновите 30 и 31 Декември кога голем број странски туристи престојуваат на Охридското крајбрежје, а оваа година хотел „Силекс” за најмладите за време на базарот, на 30.12. во 18,00 часот организира и куклена театарска претстава „Новогодишен подарок” во изведба на куклениот театар при здружението и музучкото катче Тактус од Охрид.
