Поврзи се

4NEWS.mk

„Њујорк тајмс“ го стави „Медена земја“ на листата со најдобрите филмови за 2019 година

Published

on

Документарецот „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов се најде меѓу најдобрите филмови на годината според весникот „Њујорк тајмс“.
– Зачнат како владино-спонзорирано информативно видео, овој документарец не е ништо помалку од установен еп, алегорија за животната средина од вистинскиот живот и, не помалку, боцкава комедија за вечниот проблем со непогодени соседи – пишува А.О. Скот.
 
На неговата листа со најдобри филмови на годината се најдоа и „Ирецот“ на Мартин Скорсезе, „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино и „Паразит“ на Бонг Јон-хо.
 
Освен тоа, „Медена земја“ ја освои и наградата за најдобар документарец според американската организација „Њујоршки круг на филмски критичари“ („New York Film Critics Circle (NYFCC)“.

Извор: Сител телевизија

-Текстот продолжува по рекламата-
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com