Деновиве беше објавен имотниот лист на владината потпретседателка Славица Грковска.
Според анкетниот лист таа располага со еден стан во Скопје од 52 метри квадратни, а има и земјоделското земјиште во Куманово од 675 метри квадратни, балкон од 2 метри квадратни, но и помошни простории од 8 метри квадратни. Интересно е што вицепремиерката поседува и благородни метали, уметнички и колекционерски предмети, како и една судска пресуда во нејзина корист, пишува Фактор.
Грковска поседува и судска пресуда во нејзина корист од 2016 година, на сума од 115.797 денари, а има и трансакциски сметки, девизни и денарски штедни книшки.
Се работи за две девизни книшки од кои на едната штеди евра на сума од 20.400 евра, додека, втората и е на британски фунти, иако станува збор за помала сума од 568 фунти. Има и книшка во долари, и тоа 638 долари.
Вицепремиерката за добро владеење поседува и денарска книшка и тоа на сума од 3,7 милиони денари, а има и една трансакциска сметка од 889 илјади денари.
Како и повеќето луѓе, и вицепремиерката има долгови односно кредитна картичка од 120 илјади денари, а има и кредит од 9.000 евра.
Извор: Фактор.мк