Македонија

Облачно и свежо со врнежи од дожд – температурите до 16 степени

Облачно и свежо со врнежи од дожд – температурите до 16 степени

Облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), а во југоисточните делови е можна појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од источен и североисточен правец, особено долж Повардарието каде претпладне ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, пообилни претпладне. Ќе дува умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 14 степени.

Од понеделник следува стабилно време со утринска магла по одделни котлини.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни