Македонија

Обвинители од СЈО не ги даваат предметите – Фетаи: „Не е важно кој ќе ги гони, важно е криминалците да одговараат“

Дел од обвинителите во СЈО нема да ги предадат своите предмети кои ги, се додека така не каже републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, дознава ТВ21.

Обвинители од СЈО, кои не сакаа јавно да зборуваат, за ТВ21 велат дека нема да ја послушаат наредбата испратена од затворот „Шутка“ од страна на Катица Јанева, се додека Јовески не се изјасни.

Доколку тоа го побара републичкиот јавен обвинител, дури тогаш може да ги дадат предметите кои ги застапуваат.

Утрово, обвинителката Фатиме Фетаи изјави не е мажно дали Фетаи, Вилма или некоја Костадинка ќе ги гони криминалците и ќе ги застапува предметите. Според неа важно е оние кои што се огрешиле од законот, да одговараат за своите постапки.

-Каква и да е крајната одлука која што ќе биде донесена во однос на судбината на нашите предмети, односно независно од тоа дали ќе биде одлуката ние да продолжиме да ги застапуваме предметите или пак други обвинители, сепак таа одлука би била подобра од било кое друго решение кое што го посакуваат одредени политичари во моментов, а тоа преку вешто искористување на одредени правни празнини и злоупотреба на нивната политичка моќ, да дојдат со решение кое што ќе значи целосно или делумно одбегнување од кривична одговорност-рече Фетаи.

Инаку, Катица Јанева вчера од затворот во Шутка испрати допис до Кривичниот суд, кој потоа известувањето го проследил и до Основното јавно обвинителство, во кое специјалната обвинителка ги овластува нејзините колеги од СЈО сите предмети да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ. Ова полномошно за обвинителите од СЈО се однесува на сите кривични предмети кои се во фаза на судење, истрага или предистрага.

Но, ваквото барање на Јанева се коси со законот за СЈО кој не дозволува такво нешто, со оглед на тоа дека специјалната обвинителка е во притвор и има истрага против неа.

ЗАКОН ЗА СЈО, ЧЛ.6, ТОЧКА 5

“Јавниот обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на јав- ниот обвинител (на СЈО) без негова/нејзина писмена согласност“

Сепак, реакција од Јавното обвинителство се уште нема. ТВ21 неколку пати се обиде да обезбеди став од Љубомир Јовески, но републичкиот обвинител не одговара на нашите прашања. Според законските процедури, Јавното обвинителство во рок од три дена треба да се изјасни за барањето на Катица Јанева.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни