Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Балкан

Обвинителството во Белград повика на смирување на тензиите за време на изборите

Обвинителството во Белград повика на смирување на тензиите за време на изборите

Вишото јавно обвинителство во Белград ги повика сите учесници на изборите да ги намалат меѓусебните тензии и да се воздржат од несоодветно и насилничко однесување.

Во соопштението се наведува дека обвинителството внимателно ја следи состојбата во Белград во текот на изборниот ден и ја координира работата на основните јавни обвинителства и полицијата, со цел изборите да поминат мирно, во демократска атмосфера и во согласност со Уставот и законите на Србија.

Сите пријави за изборни неправилности се разгледуваат во најкраток можен рок, за да се процени дали постојат елементи на кривично дело против изборните права, соопшти обвинителството.

Оттаму потсетија дека волјата на граѓаните изразена на изборите е неприкосновена и дека сите учесници во политичкиот живот мора да ја почитуваат.

Обвинителството ги повика учесниците во изборниот процес да не ги прејудицираат резултатите пред објавувањето на конечните податоци.

Воедно, порача дека надлежните институции ќе реагираат согласно законот на секој обид за нарушување на јавниот ред и мир, како и на секој облик на насилство пред, за време и по изборите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни