ОЧАЈНИ ДОМАЌИНКИ СЕ ВРАЌААТ НА МАЛИТЕ ЕКРАНИ? Па, ова е серија која со задоволство би ја гледале повторно!

Бројните фанови на познатата ТВ серија не можеа да се вразумат откако на сите социјални профили беше објавена една интригантна објава која многумина ја протолкуваа дека авторите ни подготвуваат нови продолженија.

Фановите на серијата „Очајни домаќинки“ оваа година ја дочекаа во агонија – меѓу надежта и очајот – сето тоа благодарение на загадочната објава на официјалните канали на серијата. Во новогодишната ноќ на сите официјални профили на серијата беше објавена фотографија од главните актерки со двосмислена реченица.

„Додека „очајно“ ја чекаме 2022 година“, тоа беше доволно за да предизвика делириум кај многу фанови кои се убедени дека во таа објава има скриена порака. Многумина се занесоа и ги закопаа социјалните мрежи со своите изливи на надеж.

„Чекај, „Очајни домаќинки“ се враќа? Би сакал да го гледам тоа!“, „Што се случува?“, се само дел од коментарите на гледачите кои се уште се сеќаваат на серијата 10 години откако престана да се емитува.

Меѓу нив има и скептици, бидејќи самата објава не потврдува апсолутно ништо, но помешана со гласините за заживување на „Домаќинки“ кои кружат последните неколку недели – доволно е интригантна за да влее надеж. Можеби за тоа придонесе и враќањето на втората култна серија „Сексот и градот“, која неодамна се врати на малите екрани во новата форма.

На бранот на оживување на стари ликови и познати личности во новите фази од животот, едно е сигурно – секако постои интерес за нови продолженија од домаќинките од Вистерија Лејн.