Македонија

Од 1 јули стартува летната забрана за камиони над 15 тони на државните патишта

Од 1 јули стартува летната забрана за камиони над 15 тони на државните патишта

Со почетокот на јули, на државните патишта во Македонија повторно ќе стапи во сила летниот режим на сообраќај за тешките товарни возила. Ограничувањата ќе важат во текот на јули и август, со цел да се намалат сообраќајните метежи и да се подобри безбедноста во периодот кога има најголема фреквенција на возила.

Од 1 јули до 31 август ќе биде забрането движењето на товарни возила со вкупна маса над 15 тони во одредени денови и часови.

Забраната ќе се применува секој петок во попладневните часови, како и во текот на сабота и недела. Дополнително, доколку бидат регистрирани екстремно високи температури, ограничувањето ќе важи и од понеделник до четврток, во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Мерката е воведена за да се овозможи побрз и побезбеден проток на сообраќајот, особено на патните правци кон туристичките центри, каде што во летните месеци значително се зголемува бројот на возила.

Од ограничувањето се изземени товарните возила што превезуваат прехранбени производи, нафтени деривати, жива стока, хуманитарна помош, како и други товари од посебно значење за непречено функционирање на државата и граѓаните.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни