Македонија

Од „четка“ до легенда: Дали знаете како Панчо од ДНК го добил својот прекар?

Од „четка“ до легенда: Дали знаете како Панчо од ДНК го добил својот прекар?

Македонската музичка сцена тагува – почина Владимир Блажев – Панчо, пејачот, диџејот и продуцентот кој повеќе од две децении беше дел од аренби дуото „ДНК“, заедно со својот партнер Андреја Ѓорѓиески – Андреј.

Поврзана објаваСедум месеци по трагедијата: Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК

Панчо ја изгуби битката со последиците од пожарот што избувна на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија повеќе лица, меѓу кои и неговите колеги од бендот. Тој беше меѓу тројцата преживеани од групата ДНК, но со тешки изгореници и долготрајни компликации по здравјето.

Поврзана објаваМакедонија тагува за Панчо – урбаниот глас на една генерација

По седум месеци лекување во клиники во Скопје, веста за неговата смрт ја потресе јавноста.

Поврзана објаваПријателите и обожавателите се простуваат од Панчо – „Загубивме добар човек и голем уметник“

Панчо беше вистински симбол на урбаната генерација, човек кој преку музика, текстови и настапи ја дефинираше современата македонска поп и R&B култура. Неговата креативност и харизма го направија омилен лик не само во студиото, туку и на сцената и зад диџеј пултот.

Поврзана објаваРодителите на жртвите од трагедијата: Почивај во мир Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останат во нашите срца!

Ретко кој би се сетил за кого станува збор, ако прочитате дека Владимир Блажев снимил нова песна. Сите го знаеја како Панчо од ДНК или како диџеј Шорти Пи. Првиот прекар го добил уште како дете:

Поврзана објава„Ме скрши Пане мој“: Се огласи Ана, придружниот вокал на ДНК, која ја преживеа трагедијата во Кочани

„Како мал бев панкер. Момците кои ме пораснаа во маало, Даре, Зоки и Наум, ми направија фризура ‘четка’ кога имав седум години. Оттогаш ме викаат Панчо и ретко кој ми се обраќа со Владимир,“ – знаеше да каже пејачот со насмевка.

Поврзана објаваВИДЕО Панчо го напишал текстот за „Ако утре ме нема“, а во последното интервју откри што била инспирацијата!

И како диџеј, Панчо остави свој белег на домашната клупска сцена, каде настапуваше под уметничкото име Шорти Пи – „Шорти“ затоа што бил низок, а „Пи“ е скратено од Панчо.

Со неговото заминување, Македонија изгуби уметник, визионер и пријател, кој зад себе остави песни, спомени и пораки што ќе живеат уште долго меѓу генерациите што пораснаа со „Благодарам однапред“, „Пази се од мене“, „Ако утре ме нема“ и многу други хитови на ДНК.

Почивај во мир, Панчо. Твојата музика ќе живее засекогаш.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни