Македонија

Родителите на жртвите од трагедијата: Почивај во мир Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останат во нашите срца!

Родителите на жртвите од трагедијата: Почивај во мир Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останат во нашите срца!

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, кое ги обединува семејствата на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати длабоко сочувство до семејството на Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК, кој почина по седум месеци борба со последиците од пожарот.

Поврзана објаваСедум месеци по трагедијата: Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК

„Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот – Владимир Блажев, Панчо, талентиран пејач од групата ДНК, 63-та жртва од пожарот во ‘Пулс’. Млад човек, со сонувања, со музика и енергија што допираше срца, сега замина предвреме, оставувајќи празнина која не може да се пополни“, стои во објавата на здружението.

Поврзана објаваМакедонија тагува за Панчо – урбаниот глас на една генерација

Во пораката тие изразуваат силна емпатија и поддршка кон семејството на починатиот музичар, нагласувајќи дека болката за загубените млади животи е заедничка.
„Како родители кои ја почувствувавме најголемата болка од губење на нашите деца, ја знаеме бездната на тага што останува зад себе. Вашата болка е наша болка. Вашата загуба е наша загуба. Ги чувствуваме секоја солза, секој нем збор, секој празен момент што го остава оваа трагедија,“ порачуваат од „16-ти Март“.

Поврзана објаваПријателите и обожавателите се простуваат од Панчо – „Загубивме добар човек и голем уметник“

Од здружението уште еднаш потсетија дека трагедијата не смее да остане без одговорност и повикаа на правда за сите жртви.

Поврзана објаваВИДЕО Панчо го напишал текстот за „Ако утре ме нема“, а во последното интервју откри што била инспирацијата!

„Ова не е само број – ова е живот одземен, живот што носеше радост и надеж. Колку уште срца ќе бидат скршени? Правдата мора да се извојува! За Панчо, за секоја жртва, за секој млад живот што беше одземен,“ се наведува во емотивната порака.

Тие ја завршуваат објавата со зборовите: „Почивај во мир, Панчо. Нека ти е светол патот до Царството Небесно. Пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останат во нашите срца. А ние нема да молчиме – правдата мора да дојде!“

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни