Поради гужвите и напливот на граѓани за вакцинација од четврток повторно се отвора спортскиот центар „Борис Трајковски“.
„Имајќи го предвид притисокот во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата Борис Трајковски зашто дел од вработените во Здравствен дом коишто беа на годишни одмори ги прекинаа и порано за да дојдат и да ја стават салата во функција. Сега ќе биде онаа помала сала, не големата. Меѓутоа, ќе има околу 20-тина места кадешто ќе може да се спроведе вакцинацијата и верувам дека тоа ќе ги растерети гужвите и редовите коишто ги имаме пред Здравствените домови“
изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Досега со две дози вакцина, имунизирани се нешто над половина милион граѓани.