Од денес во сила стапуваат измените во Законот за безбедност во сообраќајот, со кои пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет веќе се смета за прекршок и се казнува.
Според новите прописи:
- Ако преминувате пешачки со мобилен телефон во рака или на уво — казната е 40 евра.
- Ако возите тротинет, мотор или трактор додека користите електронски уред — казната е 50 евра.
Законот ја обврзува пешачката категорија да се движи внимателно и да не користи уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека.
Од 1 јануари следната година, се најавуваат и уште поригорозни казни за возачи, вклучувајќи прекршоци како минување на црвено светло и непрописно паркирање, а контролата ќе се спроведува преку камерите од проектот „Сејф сити“.
Во повеќе европски земји ваквите правила одамна се применуваат — во Франција казната за користење тротинет на тротоар изнесува 135 евра, во Литванија пешак со телефон на пешачки плаќа до 40 евра, а во Данска и до 140 евра.
Со оваа промена, Македонија станува една од земјите на Балканот со најстроги правила за пешаци и корисници на тротинети