Македонија

Од полноќ поевтинуваат горивата

Од полноќ поевтинуваат горивата

Сите видови горива од утре ќе се продаваат со поевтина цена, соопшти регулаторна комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 од вечерва се намалува за 1 денар и ќе чини 77 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува за 0,5 денари и ќе чини 79,5 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0,5 денари и ќе чини 66,5 денари.

За 0,5 денари се намалува и цената на екстра лесното масло и ќе се продава по 65,5 денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни