Од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почнува да функционира и на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од МВР соопштуваат дека по завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците во надлежност на СВР Охрид.
Со активирањето на системот се очекува да се овозможи засилен и континуиран надзор над сообраќајот, побрзо откривање на прекршоците и подобрување на сообраќајната дисциплина. Целта е да се зголеми безбедноста на патиштата и да се поттикне одговорно однесување кај возачите.
Министерството за внатрешни работи упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно возење да придонесат за поголема безбедност на патиштата.