Од понеделник врнежи од дожд – наместа пообилни!

Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните источни региони ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. T=24°C. P=978hPa. U=34%. V=5m/s.

Утре ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. Од понеделник до среда ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.