Ламборгини не се произведува само Италија. Ваков вид уникатен спортски автомобил креиран од голема желба и страст, е направен и во Арачиново. За само неколку месеци, Менсур Кадриу успеа автомобилот Рено Лагуна, да го претвори во Ламборгини.
Целиот облик на автомобилот е променет за приближно да може да изгледа на супер-автомобилот од Италија.
„Имав голема желба. Јас имам и филмска продукција, снимаме филмови. Ваков автомобил ни беше потребен за филм кој ќе го снимаме во јануари. Се сетив на ова и отидов купив Рено Лагуна. Го исеков и почнав да работат на полека собирајќи ги деловите. И еве сега изгледа вака“, рече Менсур Кадриу.
Менсур вели дека откако ќе заврши со Ламборгинито, ќе ги направи и новите модели на Бугати и Ферари.
„Планираме. Можам да кажам дека веќе порачавме два автомобила. Планираме да направиме најнов тип на Бугати и Ферари“, истакна Менсур.
Целиот процес се одвивал токму во оваа гаража. Мајсторот кој учествувал во трансформацијата на автомобилот раскажува кои делови биле најтешки за да се приспособат до моделот на Ламборгини.
„Ова тука беше најтешкиот дел. Имаме проблеми во овој дел, бидејќи треба да се свиткаат во полукруг. Овие линии требаа да бидат тука, како на фотографијата, бидејќи работевме според оваа фотографија. Нормално, не верував дека сѐ ќе излезе вака. Направивме сѐ што требаше. За бојата е задолжен друг човек, но како што се гледа и бојата е навистина добра.“, рече Џељаљ Бајрами.
Според сопственикот на автомобилот, Ламборгинито освен новиот изглед ќе добие и посилен мотор. Менсур вели дека добил многу понуди за неговото дело, но како што објаснува, автомобилот сѐ уште не е на продажба.
Репортер: Африм Јонузи
