Одложено денешното рочиште за случајот “Рекет”, на кое требаше да сведочи поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова. Рочиштето се одложи поради отсуство на бранителите на Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска кои поради здравствени проблеми не дојдоа во судот. Според доставената медицинска документација, адвокатот Кадиев се наоѓа на Клиниката за инфективни болести и е на антибиотска терапија, додека Фрчковска има рок до утре да достави извештај за нејзината здравствената состојба. Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска и се наоѓа во доказна постапка, а наредното рочиште го закажа за в четврток во 10.00 часот.
Се вчитува...
Горан Симоновски
