4NEWS.mk

Ограбена банка во Сараево, крадецот уапсен

Сараевската полиција денеска уапси еден маж кој во раните утрински часови ограбил банка во населбата Нова Отока.

Ограбена е филијалата на банката „Рајфазен“, а во таа пригода разбојникот, според сараевските медиуми, одзел голема сума пари, но не е прецизирано колку.

Портпаролот на полицијата во Сараево изјави дека крадецот бил брзо лоциран и уапсен.

Како што пренесуваат медиумите, за време на кражбата дошло и пукање. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни