Свет

Огромно протекување податоци: Објавени скоро 10 милијарди лозинки, еве што да правите сега

Огромно протекување податоци: Објавени скоро 10 милијарди лозинки, еве што да правите сега

На хакерски форум се појави датотека од 50 гигабајти со име „rockyou2024.txt“ која содржи речиси десет милијарди лозинки.

Ја објави истражувачкиот тим на Cybernews, кој ги објавува најновите вести за сајбер безбедноста и технологијата.

Според нивните тврдења, ова е најголемото „протекување податоци“ на сите времиња, пренесува магазинот „Феникс“.

Како да се заштитите од хакерски напади
Не постои магична формула за заштита на корисниците, но погодените треба да преземат чекори за да ја ограничат штетата, предупредуваат експертите на Cybernews.

Кога протекуваат лозинки, прво треба да користите проверка на лозинка за да видите дали вашата е достапна за хакерите. Ако видите дека една од вашите лозинки е компромитирана, веднаш ресетирајте ја и внесете нова лозинка. Притоа, изберете силни и уникатни лозинки што не ги користите на повеќе сметки или платформи.

Користете двофакторна автентикација: Ова значи дека ако се открие лозинката, има дополнителна проверка што хакерите не можат да ја извршат.

Користете менаџери за лозинки и генератори на лозинки за да ги направите колку што е можно покомплицирани, а со тоа и потешки за пробивање.

Тимот на Cybernews планира да ги инкорпорира протечените лозинки од датотеката „RockYou2024“ во нивниот систем „Проверка на протечени лозинки“. Ова значи дека секој може да потврди дека неговите детали за најава се изложени и објавени во датотеката „rockyou2024.txt“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни