Околу четвртина милион Израелци ги напуштија своите домови поради војната во Газа меѓу Израел и Хамас и борбите долж границата со Либан, изјави портпаролката на израелското Министерство за одбрана, цитирана од ДПА.
Околу 126.000 луѓе се преместени во побезбедни области како дел од програмата за евакуација, рече портпаролката. Околу 250.000 луѓе доброволно ги напуштија своите домови за да избегаат од борбите. Населението на Израел е нешто помалку од 10 милиони.
Израелските власти препорачаа евакуацијата на областите долж границите со Појасот Газа и Либан да остане во сила до крајот на годината, потврди портпаролот. Но, овој предлог се уште не е официјално одобрен од владата.
Израелската телевизија забележа дека таквата одлука ќе претставува огромен финансиски товар за државата. Останатите министерства се против и го нарекуваат избрзан.