Вчерашниот земјотрес кој се случи на границата меѓу Ирак и Иран, сепак, остави последици. Покрај материјална штета, нешто помалку од 800 лица побарале помош поради повреди од земјотресот кој се случи 148 километри североисточно од Багдад и беше со јачина од 6.3 степени според Рихтеровата скала.
Иранскиот претседател Хасан Рохани нареди да се превземат мерки за укажување на помош на настраданите од земјотресот. Тој побара изградба на времени објекти за сместување на луѓето кои останале без своите домови.
Минатата година истиот регион го погоди земјотрес од 7.3 степени, при што загинаа над 600 лица.
