Олимписки игри: Најубавата спортистка остана без финале

Познатата Бразилка Летиција Буфони т.е. ѕвезда на светскиот скејтборд, не успеа да се пласира во финалето на Олимпискиот турнир во Токио во дисциплината стрит.

Буфони е шесткратна шампионка на Х-гејмс, а на нејзините социјални мрежи (Инстаграм, Фејсбук, Твитер) ја следат околу 3,4 милиони следбеници.

Во пресрет на Олимписките игри, британскиот таблоид „Сан“ ја прогласи 28-годишната скејтбордерка за најубава спортистка на игрите.

Пред две години таа имаше врска со бразилскиот фудбалски репрезентативец и член на францускиот ПСЖ, Нејмар.