Министерот за внатрешни не чувствува одговорност за скандалот со телефонските разговори во кои наседна премиерот Зоран Заев мислејќи дека разговара со Петро Порошенко. Тој вели дека има протоколи и начин на кој комуницира секој носител на државна и јавна функција и треба да се следат тие протоколи.
„Вакви случаи има и во други држави не само во Македонија. Тоа не е нешто што е по директна контрола на МВР туку е работа на вработените на секој од кабинетите на Владата. “
Спасовски не присуствувал на последната владина седница и незнае што е зборувано и какви заклучоци се донесени во однос на протоколите.
На прашање какви се безбедносните проценки по заканите од кичевчанецот Ел Чека дека „Ново Куманово среде Скопје“ Спасовски вели дека безбедносната состојба е стабилна, мирна и нема никакви индиции за нарушување на состојбата во целата држава.
Мирјана Давидовска
