Разбојник М.В. (19) со пластичен пиштол проба да опљачка менувачница во Омољица кај Панчевo но не му успеа.
Тој е уапсен секунда после неуспешната кражбата а може слободно да се каже дека самиот себе се уапси.
Падна во замката на продавачот од соседната продавница кој слушна дека нешто се случува и дека вработената од менувачницата го пушти паник тастерот и алармот.
Откако го искрши стаклото, тој проба да ја отвори вратата но не успеа и падна на столчето, се мачеше со ракавиците да ја отвори кесата и да ги стави парите внатре.
Откако ја заврши цела работа успешно тргна да искочи низ вратата меѓутоа неможеше бидејќи соседните продавачи ја имаа затворено вратата т.е. решетката која одвај некако ја бутна и се протна, но не успеа да избега ни од полицијата ни од соседните продавачи и тоа баш како што би рекле на тацна послужен односно на коленици во лежечка позиција.
Како што се дозна, тој од менувачницата земал 480.000 динари и 150 евра.
(Kurir.rs/J.R.)
