Свет

ОН ја одобрија промената на меѓународното име на Турција

Обединетите нации го одобрија официјалното барање на Турција за промена на името на земјата во Türkiye на странски јазици, изјави за Анадолија портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дијарик.

Стефан Дијарик изјави за новинската агенција Анадолија дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш добил известување од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за преименувањето.

Според него, „промената на името на државата стапува во сила од денот на приемот на писмото“.

Агенцијата наведува дека отсега името Türkiye ќе се користи на сите меѓународни форуми и во официјални документи во кои претходно се користеле различни етноними.

Чавушоглу претходно на Твитер напиша  дека Анкара поднела официјално барање на ОН  за промена на името на земјата на странски јазици.

Тој објасни дека промената е усвоена како дел од чекорите на Анкара насочени кон „зголемување на престижот на земјата на меѓународната сцена“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни