Поврзи се

4NEWS.mk

ОН: Околу 400 деца годинава починаа во сирискиот бегалски камп ал-Хол

Најмалку 390 деца починаа оваа година поради нехуманите услови во сирискиот бегалски камп ал-Хол, каде се сместени 11.000 членови на семејствата на странски борци во Исламска држава, се наведува во најновиот извештај на истражителите на Обединети нации за човекови права.

Во извештајот на ОН се децата починале од неисхранетост и несанирани повреди, додека вкупното население во кампот со околу 70.000 луѓе, исто така страдало од поплави, заразни болести и недостаток на храна.

Истражителите на ОН ги предупредија дека попречувањето на репатријацијата на жени поврзани со ИД и нивните 3.500 деца од Ал-Хол, ќе создадат дополнителни проблеми.

– Жените и децата остануваат изложени на поголем ризик од понатамошна радикализација, особено со оглед на отсуство на возрасни и родово сензитивни програми за рехабилитација во кампот – се посочува во извештајот.

Претседателот на Комисијата, Пауло Пињеро, исто така, ги критикуваше владите кои се обидуваат да ги вратат таканаречените деца на ИД од Сирија, но ги оставаат нивните мајки.

– Политиката на земјите насочена кон враќање на децата без нивните мајки е во спротивност на принципот во интерес на детето – посочи Пињеро.

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com