Свет

ОН прават напори да се овозможи извоз на житарки од Украина

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш се обидува да најде решение со Русија, Турција и со уште неколку држави, за да се отвори украинскиот извоз и да се избегне недостиг од храна во светот, тврди добро упатен дипломат.

Русија блокираше украински пристаништа на Црното Море за да ја ослабне државата и да го освои нејзиниот брег, пишува Волстрит журнал.

Гутереш ја замолил Москва да дозволи извоз на житарки од Украина, а за возврат ќе се овозможи извоз на руски и белоруски ѓубрива.

Според дипломати, Русија засега не делува како да сака да се договори.

Турција изразила подготвеност да учествува во постигнување договор.

Украина извезе 41.5 метрички тони пченка и пченица во сезоните 2020 и 2021 година, 95 отсто поминале преку Црното Море, покажуваат податоците на Максигрејн, украински посредник за житарки.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни