Breaking Вчера во Скопје имало ураган со брзина од 134 километри на час, потврди УХМР
4NEWS.mk

OН со осуда поради непропорционална употреба на сила во Боливија

Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Башле денеска ја осуди „непотребната и непропорционална употреба на сила“ од страна на полицијата и војската во Боливија.

Таквата прекумерна употреба на сила е „исклучително опасна“ и може да доведе до неконтролирана ситуација, се вели во соопштението.

Боливиската војска и полиција во петокот отворија оган врз приврзаниците на поранешниот претседател Ево Моралес во градот Сакаба и убија најмалку пет луѓе додека десетици беа повредени.

Моралес на Твитер објави дека се случил „масакр“ и ја оквалификува преодната влада на самопрогласената претседателка Хенин Агнес како диктатура.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни