Опасен топлотен бран го зафати западниот дел и источниот брег на САД, а загрозени се повеќе од 200 милиони луѓе.
Се вчитува...
Регистрирани се исклучително високи температури, а највисоката е измерена во главниот град на Ајова, Де Мојн – 48,3 степени Целзиусови.
Издадени се предупредувања за повеќето сојузни држави во САД – од Канзас до Охајо и од Северна Каролина до Њу Хемпшир.
Метеоролозите предвидуваат намалување на температурите на почетокот од следната недела, кога ќе се спуштат на околу 26 степени. Наглото разладување би можело да донесе и силни бури.
