4NEWS.mk

Општина Аеродром апелира да не се расфрла отров, во опасност се и животните и луѓето

Од вчера на социјалните мрежи се појавија информации дека на јавните површини во Општина Аеродром се расфрла отров, со кој се загрозува животот како на животните, така и на луѓето, што предизвика голема вознемиреност и бурни реакции кај жителите. Општина Аеродром, уште еднаш, како и во повеќе наврати досега, апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини. 

Уште еднаш потенцираме дека ваквите материи претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите. 

Доколку најдете супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете директно во полициската станица „Аеродром“ на телефонскиот број 02/2432- 362. Исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни