4NEWS.mk

Општина Аеродром: Пријавување на данок на имот најдоцна до 31 јануари

Општина Аеродром ги потсетува даночните обврзници дека се должни најдоцна до 31 јануари 2020 година да поднесат даночна пријава за недвижниот имот што го поседуваат, а не е пријавен за оданочување.

Со цел да се олесни постапката, соопштуваат од прес-службата на Општина Аеродром, граѓаните можат да го пријават данокот на имот во просториите на општината, односно на шалтер бр. 6, а за подетални информации да се јават на телефонскиот број 2401- 553.

– Работното време на општината е секој ден од 8:30 до 15:30 часот освен сабота и недела, а прием на странки за данок на имот се врши секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот, посочуваат од општината.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни