Средните и основните училишта чиј основач е општина Битола имаат вкупни долгови од над 285 милиони денари (околу 4,6 милиони евра), а од нив 122,8 милиони денари се долгови кон надворешни доверители, вршители на разни услуги за училиштата.
На средбата со новинарите, градоначалникот на Битола, Наташа Петровска и секретарот на општината Слободан Најдовски, информираа дека долговите на училиштата секојдневно се зголемуваат заради затезните камати, извршни решенија и други финансиски проблеми.
Од општина Битола потврдија дека две средни училишта и осум основни училишта се со блокирани сметки, средното медицинско училиште „Јован Калаузи“ должи околу 35 милиони денари, основното училиште „Крсте П. Мисирков“ должи 39 милиони денари, а со високи долгови кои се движат од 16 до 30 милиони денари се и основните училишта „Александар Турунџев“, „Гоце Делчев“, „Елпида Караманди“, „Климент Охридски“ и „Коле Канински“.
Првите луѓе на битолската локална самоуправа на новинарскиот брифинг посочија дека деновиве се посветени на надминување на проблемите со неплатени сметки за потрошена електрична енергија кои училиштата во градот не ги плаќале од месец април 2017 година, со што во овој момент вкупниот долг на училиштата кон ЕВН-Македонија изнесува 6,5 милиони денари, од нив 5,3 милиони денари должат основните и 1,2 милиони денари средните училишта.
Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека животот во Битола не дојде и побараа оставка од нејзината функција.
„Вие само ни кажувате дека немате решение за проблемите. Градоначалничке, од животот кој ни го нудевте мислам дека доволно видовме. Најдобро што можете да направите за нас младите е што поскоро да ја прекинете оваа фарса и да си поднесете неотповиклива оставка, ако се уште во вас и во вашите соработници постои грижа на совест“.
https://www.facebook.com/4news.mk/videos/509226276217075/
По прес конференцијата на опозицијата изјава за медиумите најавија и од Општина Битола.
