Македонија

Судењето против 13-те полициски службеници поврзани со пожарот во „Пулс“ започна одново

Судењето против 13-те полициски службеници поврзани со пожарот во „Пулс“ започна одново

Судењето против тринаесет полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, започна одново поради промени во составот на судечкиот совет.

Причина за повторното започнување на постапката е отсуството на еден поротник поради здравствени причини подолго од еден месец, како и известувањето на друг поротник дека, поради други ангажмани, нема да може да продолжи да учествува во процесот.

Постапката ја води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а обвинението го застапува јавната обвинителка Спасенка Андонова, која потврди дека Обвинителството во целост останува на поднесеното обвинение.

На повтореното рочиште обвинетите Дејан Салтировски, Ванчо Георгиевски, Марија Маневска, Томе Донев, Драган Петрушев, Кире Богатинов, Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлум Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Маријан Радевски повторно се произнесоа по обвинението, се повикаа на претходно дадените искази и не ја признаа вината.

Од Судот информираат дека досега изведените материјални докази и исказите на сослушаните сведоци ќе бидат преземени во новата постапка. По нивното преземање, доказната постапка продолжува со сослушување сведоци предложени од Обвинителството.

Предметот се однесува на пожарот што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во трагедијата загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Според обвинението, полициските службеници кои биле на должност во критичниот период биле присутни и во дискотеката, но не ја прекинале забавата и не спречиле употреба на пиротехнички средства.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни