Општина Крива Паланка следната година ќе издвои 2.8 милиони денари за активности и проекти од Програмата за образование, како еден од клучните сегменти за квалитет на социјалниот и економскиот живот во општеството.
Целите на програмата се обезбедување активен однос на Советот на општина Крива Паланка кон изнаоѓање форми за ефикасно и економично одвивање на образовниот процес, подобрување на условите за спроведување на воспитно- образовниот процес, стимулирање на учениците за унапредување на нивните знаења, подигнување на образовното ниво на младите и возрасните кои се надвор од образовниот систем и зајакнување на нивните стручни и социјални компетенции.
Локалната самоуправа на Крива Паланка планира и останати форми на поддршка на образованието како создавање услови за воведување нови образовни профили во образовниот процес, зголемување на можностите за професионална ориентација, истражувања поврзани со пороците на денешнината.