Даночните служби при локалната самоуправа на општина Крива Паланка почнаа да ги доставуваат решенијата за данок на имот и комунална такса за фирма за 2019 година.
-Општина Крива Паланка ги повикува сите даночни обврзници кои при доставата од кои било причини не добиле решение за данок на имот и комунална такса, истите да ги подигнат во просториите на Одделението за финансиски прашања при општина Крива Паланка, секој работен ден од осум до шеснаесет часот кај одговорното лице од службата, Емил Денчевски, информираат од општина Крива Паланка.
Приемот на решенијата, наплатата на данок на имот и комунална такса за фирма во законските рокови се задолжителни.
Од Општината посочија дека со прием и наплата граѓаните ќе ги избегнат дополнителните трошоци со кои би се соочиле во понатамошна наплата на истите.
