Од денеска за 20 денари по час ќе биде поскапо паркирањето во Центар, информираа директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на денешната презентација на капиталните инвестиции за 2020 година на Општината.
Ова е дел од кампањата “Центар не е паркинг” со која планираат да ги дестимулирааат граѓаните да користат автомобили кога доаѓаат во центарот на градот.
Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ најави и нови 27 вендинг машини за рециклирање на шишиња кои ќе можат да ги користат само жителите од оваа општина.
За секое шише општината ќе им враќа на картичка по денар и половина. До крајот на месецов ќе биде достапна и нова мобилна апликација преку која жителите на Центар ќе можат да пријавуваат комунални проблеми во општината.
Мирјана Давидовска
